Мириса на пандишпан/ фото: Маја Јаневска-Илиева
Мириса на пандишпан/ фото: Маја Јаневска-Илиева

Вечерва во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, беше отворена изложбата „Мириса на пандишпан – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес“, на која се презентира храната како дел од културното наследство на Евреите.

Оваа изложба покажува што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и зошто. Фокусирајќи се на традиционалните јадења на Евреите Сефарди, начинот на кој се подготвуваат, нивното потекло и значење, фрла светлина и врз еврејската религиозна практика, историја и култура преку типичните јадења кои се послужуваат на еврејските празници.

На отворањето посетителите можеа и да дегустираат дел од традиционалните јадења на македонските Евреи, кои ги подготвија членките од женската секција при еврејската заедница.

Автор на изложбата е м-р Жаклина Мучева, и истата ќе трае до 25.12.2024 година.