На 30-от ден од изложбата „Мироцвеќе на пријателството“ на Живко Поповски – Цветин, на улица „Македонија“ во Скопје, ученици од ПСУ „Јахја Кемал” и од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” со нивните ментори читаа своја поезија, како и песни што Цветин ги добил на Струшките вечери на поезијата (од Блаже Конески, Десанка Максимовиќ, Хисни Дагларџа, Томас Шапкот, Фатос Арапи, Генади Ајги, Јан Ху, Славко Михаљиќ и други).
Настанот беше одржан во соработка на Здружението на просветни работници на Град Скопје, односно со претседателката Катерина Митковска. На настанот присуствуваше и директорот Цури Насер, кој ги покани учесниците да ја посетат спомен-куќата „Мајка Тереза“. Цветин на сите учесници им подари по една своја слика од „Македонската мироцветна градина“ како новогодишна честитка.
Изложбата „Мироцвеќе на пријателството“ беше отворена на 29 ноември и ќе трае 50 дена, односно до 18 јануари в година.