Фото: Ка.М.

Синоќа, во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп, беше отворена изложбата „Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”. Со дела се претставија 15 уметници, членови на ДЛУП – Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р. Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори  Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

-Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали – рече Димеска. Ка.М.