Од Сараево за „Нова Македонија“,
Екатерина Лазаревска и Александра Лашкова
Во хотелот „Хилс Сараево“, под покровителство на БХ Телеком, во рамките на 28-от Сараевски филмски фестивал, вчера се одржа церемонијата за доделување на наградата „Срцето на Сараево“, за ТВ-серии, при што беа доделени наградите за најдобрите, во повеќе категории.
Во категоријата најдобра драмска серија, наградена е ТВ-серијата „Подрачје без сигнал“.
За најдобра главна актерка во драмска серија е прогласена Ивана Вуковиќ, во ТВ-серијата „Клун“.
За најдобар главен актер во драмска серија, награден е Изудин Бајровиќ (Подрачје без сигнал).
За најдобра епизодна улога – актерка во драмска серија, наградена е Лана Бариќ (Подрачје без сигнал).
За најдобра епизодна улога – актер во драмска серија, награден е Славко Штимац (Црна свадба).
Стефан Вукиќ (ТВ серија Кљун) ја доби наградата – Ѕвезда во подем“.
За најдобра режија за епизода – драмска серија, наградата му припадна на Далибор Матаниќ (Подрачје без сигнал).
Наградата за најдобро сценарио за епизода – драмска серија, ја добија Хана Јушиќ, Јелена Паљан и Милан Ф. Живковиќ (Подрачје без сигнал).
Во категоријата најдобра комедија, наградена е ТВ-серијата „Адвокадо“.
Јасна Ѓуричиќ (Адвокадо) беше наградена во категоријата – најдобра главна женска улога – комедија.
Мустафа Надаревиќ (1943 – 2020) (Луд, збунет, нормален) постхумно беше награден за најдобар главен актер – комедија.
Во категоријата „Срцето на Сараево – Ѕвезда во подем – Комедија“ наградата отиде во рацете на Јован Јовановиќ (Чудни љубови).