Конкурс за организирањe литературни вечери

Културно-информативниот центар – Скопје објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмскиот наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2023 година), поетски читања, организирање трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., кои ќе се реализираат во текот на 2023 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Македонија.
Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на КИЦ – Скопје и Град Скопје.