Книга стара 400 години, позната како „Прво фолио“, е продадена во Њујорк за 2,4 милиони долари. Збирката комедии, историски драми и трагедии на Вилијам Шекспир била отпечатена во 1623 година. Современите критичари ја нарекуваат „Прво фолио“. Печатена во фолио-формат, збирката содржи 36 ремек-дела на драматургот, компилирани од неговите колеги Џон Хемингс и Хенри Кондел. Се верува дека ракописите за популарните драми „Магбет“ и „Хенри Осми“ би биле изгубени без објавување на оваа збирка.
Збирката беше продадена на аукција во „Сотби“. Обележана на аукциската листа како „најважната книга во англиската книжевност“, книгата вклучува гравиран портрет на авторот и поетски почести од Бен Џонсон и други. Првично беа испечатени околу 750 примероци од првото фолио, но само 232 се зачувани, тврди аукциската куќа. Се проценува дека сегашниот примерок е еден од дваесетте преостанати во приватна сопственост, а другите моментално се изложени во музеи и библиотеки низ светот.