„Имагинарен простор“ е тематска изложба од 23 слики од прилепската уметница
Верче Николоска, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во фоајето од ЦК „Марко
Цепенков“ во Прилеп.

Мотивирана од убавото, уметницата на сликите го отсликува светот на нејзината душа, светот на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Нејзините дела се изработени во експресна апстракција. Ова ѝ е петта самостојна изложба.

Верче Николоска е родена 1956 година во Прилеп. Завршила средно образование во
Прилеп, а со уметност се занимава од млади години. Љубовта кон ликовната уметност е
голема и продолжува да го развива талентот. Мотивирана од убавото, од љубовта кон
уметноста Николоска се надоградува и својата креативност во ликовната уметност ја изразува во повеќе техники – масло на палтно, акварел, графика, цртеж. Смислата на својата уметност таа ја бара во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.

Од 2004 година досега реализирала самостојни изложби и во Куманово, Неготино, Кичево, Македонски брод. Учествувала на групни изложби на ДЛУП, на ликовни колонии во Пешна, Валандово, Пробиштип, Дрен, Неготино, во Црна Гора. Неодамна беше дел од проектот „Инклузивни музеи“ на Завод и музеј Прилеп, а учествувала во манифестации од хуманитарен карактер. Ка.М.

blue background metal pattern