„Глобален мозаик: колекција од портрети“ е прво самостојно изложување на Илина Стефанова. Изложбата, опишана како прошетка низ емоциите на глобалните ликови, е отворена во театарот „Сенки и облаци“.
– Фокусот на погледот насликан со масло на платно ќе ве запраша за импулсите на љубовта, старите мисли, збунетите фрустрации, а ќе пронајдете и некоја проекција од минатото и спокој за иднината. Погледи преточени во емоции што провејуваат во текот на животот – стои во најавата.
Илина Стефанова е апсолвентка на Катедрата по психологија, која многу вешто умее да се справи со четката за сликање. Нејзините слики со автентични лица на кои најчесто акцентот го става на очите, за да ја долови емоцијата, се причина да дојдете и да ја погледнете изложбата.
Настанот е во рамките на програмата „Допри“ за резиденцијален престој во театарот „Сенки и облаци“, поддржана од Министерството за култура.