Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов на фестивалот „Новосадски театарски игри” во Нова Сад, Република Србија, се закити со две награди, Гран при. Но, покрај овие награди на 16 мај 2023 Театарот за деца и младинци исто така учествуваше на фестивалот 25.Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“ во Крагуевац, Србија, каде што со истата претстава освои уште две награди: награда за актерско остварување за Матеа Јанковска и за Лазар Новков за најдобра музика.
Приказната во „Роња, ќерката на ограбувачот“ зборува за мостовите во животот. Драматург е Горјан Милошевски, а во претставата, освен Јанковска, играат и: Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.