Сликата на германскиот сликар Георг Грос од 1944 година, на која нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е прикажан како библиската личност Каин, е изложена во Германскиот историски музеј во Берлин, како дел од новата постојана поставка. Авторот на сликата „Каин или Хитлер во пеколот“ бил истакнат уметник пред нацистичкиот режим. Eмигрирал во САД во 1933 година. Нацистите ја сметале неговата уметност за извитоперена.

Сликата што го прикажува водачот на нацистичка Германија како Каин, библиска личност позната по тоа што била првиот убиец на светот, стана дел од постојаната поставка во Германскиот историски музеј. Таа го прикажува на изглед преплашениот Хитлер како седи меѓу костури, покрај мртво тело забодено во грб. Пожарите на војната може да се видат во заднината.
Музејот го купил уметничкото дело од наследникот на неговиот автор, германскиот уметник Џорџ Грос, кој го довршил во 1944 година. Самиот Грос еднаш го опишал своето дело како прикажување на Хитлер како фашистичко чудовиште или како апокалиптична зверка.

Според Библијата, Каин, првиот син на првите маж и жена Адам и Ева, го убил својот брат Авел од љубомора, а бог го осудил Каин на живот на вечен скитник.