Во рамките на годинашните „Есенски музички свечености“, вечерва Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, под диригентство на Сашо Татарчески, со пијано-придружба на Сара Кескоска ќе одржи концерт во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 20 часот. На програмата се дела на Ричард Роџерс, Мишел Легранд, Харолд Арлен и др.