УШТЕ ЕДЕН ПРЕДЛОГ ОД БРИСЕЛ ДО КИЕВ
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, предложи да се додадат уште 3,5 милијарди евра во фондот што се користи за финансирање воена помош за Украина, рекоа извори од ЕУ. Изворите, кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека Борел побарал од владите на ЕУ да обезбедат повеќе пари за Европскиот фонд за мир (ЕПФ). Споменатиот фонд веќе додели околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.
Сепак, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во вторникот најави дека ќе ја блокира следната транша од воената помош на Европската Унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија. Тој изјави дека тоа може да се смени само под услов Киев да ја отстрани унгарската банка ОТП од својата листата на воени спонзори.
Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од 500 милиони евра од воената поддршка за Украина обезбедена во рамките на (ЕПФ), соопшти во вторникот канцеларијата на портпаролот на унгарската влада.
– Не можеме да дадеме зелено светло сѐ додека ОТП е на црната листа – изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека „истото важи и во случај на санкции“.
Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од воената помош за Украина од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), барајќи гаранции дека и другите региони, како Балканот или Северна Африка, ќе добијат средства.
ЕПФ, основана во 2021 година, е вонбуџетски инструмент чија цел е зајакнување на способноста на ЕУ да спречи конфликти, да изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност. Досега ЕУ обезбеди вкупно околу 3,6 милијарди евра за воена поддршка на Украина.
Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, одби да испорача каква било воена опрема на соседна Украина и во неколку наврати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, но на крајот сепак ги поддржа сите досега договорени мерки.