Фото: Твитер/Претседател на Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска објави декрет со кој се бара од сите воени доброволци да положат заклетва пред руското државно знаме.

Декретот се однесува на оние кои „учествуваат во воени активности во Украина, ѝ помагаат на армијата, како и на граѓаните кои служат во единиците за територијална одбрана“.

Декретот на Путин доаѓа во време кога платениците на групата „Вагнер“ се без нивниот лидер Евгениј Пригожин, кој пред два дена загина во авионска несреќа во близина на Москва.

Неколку недели пред неуспешниот бунт на Пригожин во јуни, руското Министерство за одбрана им даде рок на платеничките групи до 1 јули да потпишат договори. Пригожин одбил да потпише затоа што не сакал „Вагнер“ да дејствува под руското Министерство за одбрана. Тогаш Путин ја поддржа шемата за договори со Министерството за одбрана.