Фото: принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео за кое вели дека покажува како руски проектил погодува станбена зграда во Запорожје, југоисточна Украина.

– Напаѓаат станбени зони каде што живеат луѓе и деца – пишува Зеленски.

– Ова не смее да стане „уште еден ден“ во Украина или на кое било друго место во светот. На светот му треба повеќе единство и одлучност за побрзо да го победи рускиот терор и да ги заштити животите – се вели во објавата.