Вооружените сили на Украина (ВСУ) употребија авион без екипаж за напад врз зградата на Федералната служба за безбедност (ФСС) во Белгород.
Според оперативните служби, нема повредени, оштетена е фасадата и искршени се прозорците.
Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на „Телеграм“ објави дека беспилотно летало на украинските воздухопловни сили удрило во станбена зграда во Белгород, но нема повредени.
Според неговите информации, втор беспилотен авион на непријателот паднал во река. Оперативните служби работат на местото на настанот.
Нападнатата станбена зграда ја посети градоначалникот Валентин Демидов.
– Искршени се прозорците во девет станови. Разговарав со жителите – за среќа, нема повредени“ – напиша тој на „Телеграм“.
Според него, на местото пристигнале стручни лица кои ги затвориле процепите за да може станбените простории да се загреат.
– Планирано е за два-три дена да се постават нови прозорци – додаде градоначалникот.