фото: Пeксeлс

Тројца министри во британската влада денеска поднесоа оставки, неколку часа откако Риши Сунак, новиот лидер на Конзервативната партија, стана премиер.

Сега кога се очекува тој да почне да именува членови на новата влада, оставка поднесоа министерот за правда Брендон Луис, министерот за економија и енергетика Џејкоб Риз – Мог и министерката за труд Клои Смит, jaви Би-би-си.

По хаотичниот шестнеделен премиерски мандат на Лиз Трас, Конзервативната партија настојува да се консолидира и да го запре падот на нејзината популарност.

Покрај борбата против економската криза, што беше означена како приоритет, Сунак ќе се обиде и да ја врати разнишаната доверба на гласачите во Конзервативната партија, што е на власт од 2010 година.