Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп најави синоќа „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“. Во Минхен денеска почнува меѓународната безбедносна конференција и ќе трае до 16 февруари.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од нашата земја. Поканета е и Украина. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи претставници од Русија, Украина и САД”.

Киев објави дека не размислува за учество на состанокот во Минхен со руски претставници што го најави Трамп.

-Договорен заеднички став (со сојузниците на Киев) мора да биде на маса за разговори со Русите… Засега нема ништо на маса. Разговори со Русите не се планирани – изјави Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски.