Фото: Маја Јаневска-Илиева

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека НАТО нема да прави компромиси околу принципот за прифаќање на која било земја во блокот.

Столтенберг рече дека Алијансата во никој случај нема да го жртвува својот основен принцип според кој секоја земја да може да избере свои одбранбени сојузи.

НАТО вечерва одржа вонреден состанок на ниво на министри за надворешни работи за руското воено групирање околу границата со Украина, како и за други прашања поврзани со европската безбедност.

На состанокот одржан преку видео-конференциска врска учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.