Фото: принтскрин

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бројот на руски шпиони на територијата на САД „се уште е превисок“ и покрај напорите за нивно протерување, пренесува Си-Ен-Ен.

– Традиционалната закана од руската контра-шпионажа останува голема закана – рече Вреј за време на говорот во Музејот за шпиони во Вашингтон, пренесе „Танјуг“.

Тој рече дека „отпечатокот на руската разузнавачка служба“, а со тоа, како што објасни, мисли на разузнавачите, „се уште е преголем во Соединетите Американски Држави“.

Тоа е „нешто против кое постојано се соочуваме и се обидуваме да го блокираме, спречиме и попречиме на секој начин – рече директорот на ФБИ.

Во 2018 година, САД протераа 60 руски дипломати кои Вашингтон ги карактеризираше како разузнавачки агенти и нареди затворање на рускиот конзулат во Сиетл како одговор на наводното труење со нервен агенс на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија, за што САД ја обвини Москва.

Минатата година, холандската разузнавачка агенција идентификуваше руски воен разузнавач кој студирал на престижната американска школа за меѓународни студии Џон Хопкинс.

– Ќе кажам дека, во последните неколку години, САД направија позитивни и значајни чекори во намалувањето на големината на руското разузнавање во Соединетите држави, со нивно протерување – рече Вреј.