Денеска во 15.30 часот во галеријата „Ју Ји“ во Фошан, Кина, ќе биде отворена заедничка изложба на уметниците Александра Ацеска и Даниел Коцев Пазамат од Македонија и Михајло Спорин од Србија.

Изложбата е во организација на галеријата „Ју Ји“, а во коорганизација со здруженијата на уметници „Нанхаи“ и „Чанченг“, уметничкот институт „Нанхаи“, здружението на трговци со уметнички дела „Гуангжоу“ и Сојузот на уметнички галерии на Фошан. Изложбата ќе биде отворена за посета од 9 до 30 септември.

Станува збор за тројца млади академски уметници кои веќе неколку години живеат, работат и творат во Кина.

Кураторката Лианг Манли во општирниот осврт кон изложбата и кон уметниците, констатира дека авторите се фокусирани на соѕдавање на уметност, обидувајћи се да иѕградат нов виѕуелен пејзаж и да истакнат нови иделошки вредносит преку размислување и интроспекција.

-Посебно важно, на фонот на зголемувањето на трендовите за анти-глобализација и притисокот на светската економска реконвалесценција, оваа изложба отвора прозорец за идеолошки судири и културни разменувања, преку кои можеме да забележиме дека тројцата млади уметниви проследуваат свои уметнички постапки. Тие бараат хуманистички извор на духовна сила на индивидуалното значење на животот-истакнува кураторката Лианг Манли, инаку изврешн куратор на Арт кантон (2017-2019) и член на првото собрание на кинески куратори.

Александра Ацеска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2017 година, а годинава се стекна со звање магистер на иститот факултет. Од 2018 година, живее во Кина, каде работи како професор по ликовна уметност. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложувала на неколку групни и самостојни изложби во Македонија и во странство. Добитничка е на наградата „Борко Лазески“ за највлијателен студент на генерацијата на ФЛУ-Скопје, во 2017 година и два пати е наградена на Интернационалниот саем на соовремена уметност и дизајн „Паратисима“ во Скопје.

Даниел Коцев Пазамат, дипломирал вајарство на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Овој современ уметник се фокусира на природата и нејзините феномени како клучна точка во неговиот уметнички опус. Под влијание на источните филозофии, неговиот фокус е толкување на животот како што се манифестира преку универзалната енергија менувајќи го својот тек, интензитет и форма.

Михајло Спорин, е ликовен уметник од Србија. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Нови Сад, каде се стекнал и со магистерска диплома. Тој е повеќедимензионален уметник чии дела досега се изложувани во Европа, САД и Саудиска Арабија.

Филип Димкоски