Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев се додека не ги „избрка украинските терористи од Курскиот регион“.
-Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме се додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам – рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.
Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.
-За среќа, не успеаја – истакна Шојгу.