Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска на брифинг во Кремљ зборуваше за ситуацијата во Мариупол.
Шојгу тврди дека руската армија во целост го контролира Мариупол, град кој беше целосно уништен од интензивните руски напади кои траеја два месеци. Рускиот министер за одбрана тврди дека руската војска „го враќа мирот“ во градот.
Тој додаде дека преостанатите украински сили во Мариупол биле блокирани во фабриката за челик Азовстал. Шојгу наведе дека руските сили се обидуваат „да ги убедат украинските борци да ги ослободат цивилите и да го положат оружјето“.
Рускиот министер за одбрана изјави и дека руската војска и нејзините сојузници, проруските сепаратисти во регионите Луганск и Доњецк, окупираат се повеќе територии во источна Украина.