Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп денеска да разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се сретна во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на информиран извор.
Авионот со кој Стив Виткоф пристигна во Русија утрово полета од аеродромот Внуково попладне по локално време, а неговата дестинација не е наведена.
Виткоф ја оствари својата петта посета на Русија оваа година, за време на која утрово се сретна со шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, а потоа беше примен во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин.