Зошто Германија длабоко е инволвирана во американските претседателски избори

Прашањето што деновиве ги мачи претставниците на надворешната политика во Берлин е „дали Германија може да избегне да стане тема на меѓупартиски бесполезни дискусии за време на домашните изборни дебати во Америка“?

Републиканскиот сенатор од Охајо, Џ.Д. Ванс, деновиве на Твитер јавно и жестоко ја оцени германската политика за Украина како „срамна“ и сугерираше дека ветувањето за пресвртот во германската одбранбена политика „прераснал во фарса“.
Не чекајќи, германската амбасадорка во САД, Емили Хабер, веднаш на тоа возврати, потсетувајќи го американскиот сенатор на „специјалниот фонд од 100 милијарди евра“ за претстојните набавки на оружје за Украина и на „енергетското оддалечување од рускиот гас“. Нејзиниот одговор повторно беше дочекан со уште поголем бес, овој пат со поддршка од Ричард Гренел, поранешниот амбасадор на Трамп во Берлин! Прашањето што веднаш се отвори во јавноста е всушност, зошто Вашингтон жестоко сега „му се нафрла“ на Берлин?

Од САД се тврди дека „ниту еден цент од специјалниот фонд од германските
вооружени сили не е пристигнат“…

Односите на Германија со републиканските претседатели се ладни, додека оние со
демократските администрации се карактеризираат со наклонетост – Фото: ЕПА

Аргументот на републиканците се однесува на долгогодишното несогласување меѓу Берлин и Вашингтон. Германската влада не ја исполни својата цел да потроши два отсто од БДП на својата одбрана и да ги модернизира германските вооружени сили. Една година по почетокот на украинскиот конфликт, ниту еден цент од специјалниот фонд всушност не стигна од германските вооружени сили. Германија не ја исполни целта од два отсто минатата година и, најверојатно, ќе ја пропушти за добри 0,5 отсто во 2023 година. Владата на Олаф Шолц не направи доволно за да го реформира тешкиот и прекумерно бирократизиран систем за воени набавки и да дојде до кохерентна политика за стратегиско вооружување што ги поврзува германската војска, политиката и индустријата.

Меѓутоа, кога станува збор за поддршката на Украина, во однос на вкупниот обем и брзината на испорака, заложбите на Германија се подобри отколку што многумина мислат. Германија е број еден континентален давател на воена, финансиска и хуманитарна поддршка за Украина во Европа. Таа испорача повеќе оружје, воена опрема и муниција од која било друга земја во континентална Европа.

Во однос на трговијата, Германија се смета дека „ги злоупотребува САД“?

Заложбите на Германија се очигледно подобри отколку што републиканците сметаат. Но наративот на републиканските поддржувачи на политиката „Америка на прво место“ не треба да изненадува. Дури и ако Германија ги исполни сите свои одбранбени обврски, таа, според аналитичарите, сепак „ќе остане жртвено јагне на републиканските прелиминарни избори и општите избори“!?

Зошто без оглед која партија владее во Германија, односите на Берлин со републиканците од САД се ладни

Во последните 20 години, Германија не можеше да избегне да биде партизирана. Без оглед на тоа која партија владее во Берлин, односите на Германија со републиканските претседатели на Америка се студени, додека оние со демократските администрации се карактеризираат со наклонетост. Набљудувачите треба само да го споредат пријателството на Меркел и Обама или она меѓу Шолц и Бајден со лошите односи меѓу Берлин и Вашингтон во текот на почетокот на мандатот на Буш и администрацијата на Трамп.

За републиканците, Германија е корисна храна во нивната изборна војна против Демократската партија. Во овој наратив, без оглед на прашањата што треба да се одговорат и политика на неговата администрација, републиканците го прикажуваат Бајден како слаб. Секако, ова се однесува и на неговата надворешна политика. Така, Бајден е прикажан како слаб во однос на Кина, на Русија и Украина, на Блискиот Исток и, што е најважно, на сојузниците како што е Германија.

Во однос на безбедноста, Германија совршено се вклопува во бинарната американска дебата за компромиси помеѓу воената поддршка за Украина и домашните приоритети. Таа е класифицирана како „богат паразит што треба да плаќа за војната во своето соседство, ослободувајќи ги американските ресурси за други потреби“. Во однос на трговијата, Германија се смета дека ги „злоупотребува“ САД, така што нивниот трговски дефицит со Германија е трет по големина во Америка. Во обидот на Америка да ја ограничи економската моќ на Кина, Берлин се смета за премногу економски зависен од Кина.

И за социјалните и климатските политики, исто така Берлин е премногу отворен. Поради тоа што е поблиску до прогресивните демократи во однос на социјалните политики, образованието и климата, Германија е странска манифестација на прогресивната Америка. Берни Сандерс постојано ги користел германските политики како модели на успешни, прогресивни социјални и образовни политики од кои САД треба да учат. Исто како и за време на администрацијата на Трамп, многу од овие аргументи помалку се однесуваат на структурираното надворешнополитичко размислување, а повеќе за создавање наратив што ги спротивставува републиканците против таканаречената разбудена глобалистичка елита.

Германија размислува што треба да направи за да не биде вовлечена во внатрешните американски сценарија

Германија не може многу да направи за да не биде вовлечена во внатрешното американско наддавање, велат аналитичарите. Наместо тоа, таа треба да се фокусира на сопствените национални безбедносни интереси и да ги засили воените трошоци и модернизацијата на германската војска на брз и одржлив начин. Ова, исто така, би ја ставило Германија во подобра позиција ако така настроена републиканска администрација дојде на власт во 2024 година.

Новиот министер за одбрана на Германија, Борис Писториус, изгледа решен да ги придвижи работите напред. Тој се залага за дополнителни 10 милијарди евра за редовниот буџет за одбрана за да се обезбеди одржливост откако ќе се исцрпи специјалниот фонд, сака да го реформира процесот на набавки и да го преструктурира германското Министерство за одбрана за да обезбеди поефикасна имплементација на модернизацијата на одбраната. Ова е добар почеток, но дали кабинетот и Бундестагот ќе го поддржат, дополнително ќе се види, но во секој случај ќе биде тест за сериозноста на Германија. Р.Н.М.