Американскиот новинар Брен Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

Рено бил погоден во врат. Тој е прв странски новинар кој загинал од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.

Кај загинатиот новинар беше пронајдена прес-карта од Њујорк тајмс, но весникот соопшти дека тој не работи за нив од 2015 година.

Се уште не е познато за кого известувал Рено.

Во нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.