Лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот регион Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека на територијата на „Народна Република Доњецк“ ќе им се суди на воените заробеници од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, пренесоа руските медиуми.
-Затворениците од Азовстал се на територијата на Народна Република Доњецк. Планот е да се организира меѓународен суд на територијата на републиката – изјави Пушилин.
„Народна Република Доњецк“ е самопрогласена парадржава под контрола на проруските сепаратисти. Непосредно пред војната, Русија ја призна независноста на самопрогласената парадржава, а потоа рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, обвинувајќи ја за геноцид врз граѓаните кои го говорат рускиот јазик на истокот од земјата.