Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите сили целосно ја презел контролата врз украинскиот град Бахмут.
– Денеска во 12 часот целосно го освоивме Бахмут“, рече Пригожин во видеото на кое е прикажан во борбена униформа заедно со голем број борци кои држат руски знамиња и транспаренти на приватната воена формација Вагнер.
Тој додаде дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут на 25 мај со цел да се одморат и прераспоредат.
– Целосно го окупиравме целиот град, од првата до последната куќа – додаде Пригожин.
Додека Пригожин ја даваше оваа изјава, во позадина се слушаа експлозии.
🇷🇺❗Evgeny Prigozhin announced the complete liberation of Bakhmut pic.twitter.com/WHzYyWqTLP
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) May 20, 2023
Украинската војска го отфрли неговото тврдење. Портпаролот на украинската армија за британски „Скај њуз„ изјави дека тоа не е вистина и дека во Бахмут се уште траат тешки борби.