Фото: Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија е „во војна“ со Украина. Тој досега инсистираше дека Русија води „специјална операција“ во Украина.

-Се најдовме во воена состојба. Да, тоа почна како специјална воена операција, но штом се формираше целата оваа банда, кога колективниот Запад учествуваше во сето ова со Украина, тоа стана војна за нас – вели Песков во интервју за медиумската куќа „Аргументи и факти“.

Тој потсети на целта на Русија целосно да ги освои четирите украински региони (Херсон, Доњецк, Луганск и Запорожје) за кои Москва тврди дека ги анектираше од септември 2022 година.

-Де јуре тоа е специјална воена операција, но де факто се претвори во војна – изјави Песков.