Фото: Борис Писториус/фејсбук

Министрите за одбрана на Германија и Франција денеска објавија договор за распределба на работата меѓу производителите на заедничкиот проект „тенк на иднината“, што досега беше поткопано со несогласувања.

-Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект – изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.

-Имаме договор и воодушевени сме од него – рече Лекорну, нагласувајќи ја важноста на „програмата за структурирање на копнените армии на двете земји за Европа и НАТО“.

Програмата MGCS (Main Land Combat System) почна во 2017 година, кога беше и за идниот борбен авион (Future Combat Air System – FCAS), што исто така е проект на соработка меѓу двете земји.

Целта на MGCS е да ги замени француските тенкови „Леклерк“ и германските „Леопард 2“ од 2035 година со „генерациски скок во технологијата благодарение на нивото на иновација и поврзаност“, рече францускиот министер.