Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Обвинувањата дека Кремљ е вмешан во смртта на водачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се „целосни лаги“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Песков пред новинарите кажа дека има „многу шпекулации“ за авионската несреќа и „трагичната смрт“ на луѓето во авионот, пренесува „Би-би-си“.

– На Запад, се разбира, овие шпекулации доаѓаат од одреден агол. Сето тоа е целосна лага. Се разбира, кога зборуваме за ова прашање, треба да се раководиме само од фактите – рече тој.

Песков додаде дека засега нема доволно факти и дека сите нејаснотии ќе се расчистат со официјалната истрага, што е во тек.