Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања при Обединетите нации денеска соопшти дека е принудена да ја откаже планираната помош за милиони луѓе поради сериозен недостиг на средства, нарекувајќи го потегот „брутален“.
– Никогаш досега не сме се соочиле со толку нагло намалување на финансирањето за хуманитарна помош – изјави заменик-генералниот секретар на ОН Том Флечер.
Оригиналната цел за 2024 година беше прибирање 44 милијарди долари, но таа сума е намалена на 29 милијарди – од кои досега се собрани само 5,6 милијарди. Со овие средства ќе може да се помогне на околу 114 милиони луѓе, наместо првично планираните 180 милиони, предупреди Канцеларијата..
– Бруталните кратења на буџетот нè оставија со брутален избор – кого да спасиме. Но, ќе сториме сè што можеме со ресурсите што ги имам – истакна Флечер.
ОН не наведе за кои држави ги скратиле буџетите, но потврди дека ќе се обиде да ја продолжи поддршката за најранливите, каде и да се наоѓаат. Флечер повика меѓународната заедница да покаже солидарност.
– Бараме само 1 отсто од она што минатата година се потроши на војни – потенцираше заменик-генералниот секретар на ОН Том Флечер.