Фото: пиксабеј

Најмалки 17 лица загинаа и повеќе од 90 лица се повредени во денешната експлозија во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопшти локалната полиција.

Првичните извештаи велат дека најмалку 150 верници биле во џамијата за време на самоубиствениот напад во северозападниот пакистански град.

– Дел од зградата се урнал и се верува дека неколку луѓе се под неа – изјави полицискиот претставник Сикандар Кан.

Мухамед Асим, портпарол на болницата Лејди Ридинг во Пешавар, изјави дека примиле преку 90 повредени, а некои се во критична состојба.