Фото: Официјална страница на Виктор Орбан

Лидерите на Европската Унија го сметаат унгарскиот премиер Виктор Орбан за егзистенцијална закана за европскиот блок откако со години го толерираа, пишува „Њујорк тајмс“.

Орбан ја помина изминатата година градејќи ја „илибералната држава“, како што гордо ја нарекува Унгарија, со помош на финансирањето до ЕУ. Дури и додека неговиот проект прави процеп во блокот, останатите лидери го тргаа погледот настрана, решени да не се плеткаат во туѓите работи.

Но отпорот на Орбан имаше голема нуспојава – служејќи како катализатор за честопати бавниот систем на ЕУ да делува во заштита на демократските принципи врз кои почива европскиот блок.

Европскиот блок постојано работеше на политички консензус меѓу државните лидери, но Орбан го турна Брисел кон ситуација која долго време ја избегнуваше – правејќи го членството во ЕУ подложно на финанскиски казни, а не само на политички.

Како Орбан ја принуди ЕУ на таков потег и зошто Унијата делуваше беспомошна во долгорочните обиди за запирање на унгарскиот политичар, кажува многу за блокот и за неуспесите во соочувањето со популистичките и националистички предизвици.

Всушност, никој не сакал да се соочи со Орбан во врска со прашањата како што се владеењето на законот и корупцијата, особено не преостанатите лидери.

И самиот ја чувствував неволноста на лидерите да се справуваат со овие прашања. Како во клуб во кој Виктор е еден од нив, а тие се политички животни и се почитуваат, поради фактот што победиле на избори. Лидерите преферираа да не се справуваат со „жешки компири“ или туѓи работи кога можеа да ги избегнат – вели Лук ван Миделар, советникот на Херман ван Ромпуј од времето кога тој беше претседател на Европскиот совет.

Но расположението се смени, по неводењето сметка за заедничките вредности во ЕУ од страна на Орбан и на полскиот вицепремиер Јарослав Качински, Брисел можеби конечно пронајде корисна алатка за да влијае на домашната политика со спој на тужби за прекршување на европските договори во комбинација со остри финансиски последици. Следниот голем настан ќе биде пресудата на Европскиот суд на правдата месецов. Ако Унгарија и Полска го загубат случајот, како што се очекува, нејасно е што ќе се случи доколку потоа одбијат да ја почитуваат пресудат. ЕУ ќе се најде уште подлабоко на непозната територија, заклучува „Њујорк тајмс“.