Lukas

Кремљ соопшти денеска дека не го следи движењето на водачот на руските платеници Евгениј Пригожин, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој посредуваше во договорот за ставање крај на минатомесечниот вооружен бунт во Русија, откри дека Пригожин веќе не е во Белорусија.

– Не, ние не ги следиме промените на локацијата на Евгениј Пригожин, ни недостигаат средства и волја за тоа“, рече портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

Лукашенко денеска изјави дека шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, е во Русија, и покрај договорот кој предвидува негово заминување во Белорусија по неуспешниот бунт на 24 јуни, и дека „сигурно знае“ дека е слободен.

Руската државна телевизија вчера жестоко го нападна Пригожин, кој минатиот месец почна вооружен бунт, и објави дека истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се спроведува.