Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не може „ниту да потврди ниту да демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Американскиот претседател во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со Путин за завршување на војната во Украина.
Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.