Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за РИА Новости изјави дека целта на украинските напади врз руските региони е да се попречат претстојните претседателски избори.

Путин го оцени влезот на Шведска и Финска во НАТО како „бесмислен чекор“ и изјави дека Русија ќе распореди војска и ракетни системи на границата со Финска, пренесе „Ројтерс“.

– Немавме војници на финската граница до сега, но тие ќе бидат таму. Немаше ракетни системи за уништување таму, но сега ќе има – рече Путин.