НАТО треба да им се извини на Србија, Ирак, Либија, Сирија и Авганистан за 900.000 животи загубени во војни и десетици милиони бегалци, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.
Тој на Твитер сподели колаж од фотографии од Ирак, Авганистан, Сирија и Либија, на кои пишува дека 900.000 луѓе, меѓу кои 400.000 цивили, загинале од 2001 година во војни поврзани со НАТО.