Дваесет лица меѓу кои и едно 15-годишно девојче загинаа во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Дњепропетровск, соопштија денеска официјални украински претставници.

Во нападот се повредени 73 лица, а 40 се во болница, од кои четворица на интензивна нега, напиша на Телеграм градоначалникот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко.

Резниченко истакна дека во нападот биле уништени 72 стана, а оштетени се повеќе од 230.

Спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани во урнатините, јавија светските агенции.

Врховната команда на Украина денеска соопшти дека Русија во саботата извршила три воздушни напади, 57 ракетни напади и 69 напади од ракетни системи салво со тешко вооружување, а целта била критичната инфраструктура во Киев и други области. Командата наведе дека украинските сили собориле 26 ракети.

Официјални лица предупредија дека рускиот напад ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија во главниот град и големи делови на Украина во следните неколку дена.