Фото: Пиксабеј / Илустрација

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека воздухопловните сили на армијата на Велика Британија имаат повеќе борбени авиони Ф-35, отколку пилоти кои се обучени да управуваат со нив.

Тој информираше дека проблемот со летачката обука е главната причина за недостигот од пилоти, јави Скај њуз.

Како што појасни министерот, обуката трае дури осум години, а планирано е да биде од две до три.

Валас нагласи дека една од причините за недостиг од пилоти е и тоа што американскиот ловец Ф-35 е нов тип на авион, па додаде оти војската на располагање има нешто повеќе од 20 авиони што вредат над 100 милиони фунти по парче.

Авионот Ф-35 е еден од најскапите и најпрестижните во составот на британската војска и се смета дека придонесува за значајно унапредување на безбедносните способности на вооружените сили, поради неговите софистицирани радари, сензори и други делови од опремата.

Велика Британија планира да набави 138 парчиња, но засега купи 27.