Фото: ЕПА

Земјите на БРИКС ја гледаат Европа како конкурент, но и како потенцијален инвеститор што може да отвори „нови патишта за новата (БРИКС) валута“. Всушност, според официјалните изјави на челници на БРИКС, „Европа е портата за БРИКС да ги освои западните пазари и да воведе нова финансиска ера“!

Доколку Европа ја прифати валутата на БРИКС, која претставници од БРИКС со голем оптимизам најавуваат наскоро да биде пуштена во оптек, тоа, според многумина финансиски и економски експерти во светот, би можело да влијае на американскиот долар, загрозувајќи му го статусот на глобална резерва. Повеќето изјави на финансиско-економските аналитичари во врска со најавата за појава на нова БРИКС-валута тврдат дека „механиката на понудата и побарувачката нема да успее да го одржи американскиот долар во живот, испраќајќи го на патека на опаѓање“. Токму во врска со ваквите анализи, интересно е дека и на европското тло се појавуваат размислувања на некои европски економски аналитичари дека „се покажува интерес за валутата на БРИКС“.

Која од европските земји изразила интерес за БРИКС

Амбасадорот на Јужна Африка во БРИКС, Анил Сооклал, на почетокот на овој месец потврди дека европските земји изразиле интерес да ѝ се приклучат на алијансата. Амбасадорот не прецизираше земја, но навести дека дел од Европската Унија може да ја прифати валутата на БРИКС.
Во последните месеци, источноевропската земја Белорусија беше првата што покажа интерес за БРИКС, откако претседателот Александар Лукашенко предложи планови за создавање нова економска унија со нула ограничувања.

БРИКС сака да подготви стратегиски документ за соработка со земјите од Европа

Во неодамнешниот извештај на клубот за дискусија „Валдаи“, економистите сугерираа дека блокот БРИКС би можел да подготви заедничка стратегиска рамка за Европа. Сите пет земји на БРИКС имаат блиски врски со Европа и иницираат милијарди трансакции преку стоки и услуги. Ако алијансата БРИКС ги убеди европските нации да плаќаат преку новата валута, тоа би можело да го направи тендерот посилен на глобално ниво.
„Сите земји од БРИКС се поврзани со Европа со мноштво политички и економски контакти и интереси. Тие не ја гледаат ЕУ само како потенцијален конкурент и инвеститор. Сите земји од БРИКС имаат свое уникатно искуство во односите со европските држави и со ЕУ како институција“, се наведува во извештајот.
Економистите додадоа: „Веруваме дека ова искуство наскоро може да им овозможи да размислат како би можеле да елаборираат заедничка рамка на БРИКС за колективна стратегија на ЕУ“.

Подготвил: Mарјан Велевски