Фото: Аналена Баребок - Твитер

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска се изјасни против прекинот на огнот во Украина под руски услови.

– Со тоа не би завршиле ужасите за граѓаните на Украина – изјави Бербок во изјава за дневниот весник „Билд ам Зонтаг“.

Таа истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ја започнал војната и дека ако сака, војната може да заврши утре.

Сепак, таа забележа дека нема вистински индикации за повлекување на руските трупи.

Најтешка е ситуацијата за граѓаните на окупираните територии, додаде шефот на германската дипломатија.

– Таму не само што нема струја и топлина, туку и меѓународната помош не може да помине – критикува Бербок.

Таа рече дека во исто време граѓаните живеат во страв од злоупотреба и убиства од страна на руските окупатори.