Фото: Твитер/ Министерство за одбрана на Бугарија

Бугарскиот технички министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека Украина побарала од Софија не само разновидна муниција, туку и оклопни возила за противвоздушни ракетни системи.

Неговата изјава беше одговор на прашање дали при неговата посета на Украина во декември била побарана дополнителна воена помош.

– Вредноста на оружјето што ќе и биде доставено на Украина ќе се надомести не од буџетот на Министерството за одбрана, туку од централниот буџет – истакна Стојанов.