Фото: Принтскрин

Најмалку 18 тела на мртви мигранти се пронајдени во Бугарија, во напуштен камион во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР.

– Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле на скришно место под дрвата што биле превезувани – соопшти министерството, пренесе „Ројтерс“.

Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана лекарска помош, се наведува во соопштението.