Хрватска
Се наближува туристичката сезона во Хрватска, а сопствениците на угостителските објекти мора да обезбедат доволно вработени. Поради тоа, има сѐ повеќе огласи за вработување, а еден од нив објавен на Фејсбук наиде на голем број реакции.
„Барам келнерка, платата е 12.000 куни нето (околу 1.600 евра), барам и готвач, платата е 22.000 куни нето (2.900 евра). Барам и помошник-работник во кујна, платата е 10.000 куни нето (1.330 евра). Работното време е девет часа, еден ден во неделата е неработен. Обезбедени се сместување, ручек и вечера…“, напиша сопственичката на таверната во Далмација, пренесува „Слободна Далмација“.
На нејзината објава реагираа голем број корисници, а едно лице праша дали тоа значи да работи 54 часа неделно. „Само чекавме некој да каже дека се работи многу и повторно платата не вреди“, „Тоа се филозофи, а најмалку работници“, му одговориле други корисници на тоа лице, а набрзо се јавила сопственичката.
Таа изјавила дека работата е сериозна и дека ја работи 12 часа на ден, без слободен ден. Зборувајќи за платата, таа ја спомнала својата пријателка, акушерка во болница во Задар, за која вели дека работи 72 часа неделно.
„Таа заработува помалку од мојот асистент во кујната. Нема платено сместување или храна. Ние сме семејство, во мојот ресторан. Сите јадеме ист ручек, се забавуваме, се смееме и се дружиме. Возам автомобил стар 20 години бидејќи ја сакам оваа работа и парите не ми се приоритет“, заклучи таа.
Многу сопственици и дале поддршка и ја пофалиле, па еден од коментарите гласи: „Честитки, ретка си“.