Фото: Илустрација/Скриншот

Амонијак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград.

Како што јави Српската радио и телевизија, едно лице е префрлено во болницата во Панчево на кислодорна терапија.

Инцидентот се случил синоќа околу 22.30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на протипожарната служба и на полицијата, а жителите на десетина околни куќи се евакуирани.

Железничкиот колосек на кој се случи истекувањето амонијак од цистерната води до „Азотарата“ во Панчево.

На крајот на декември четири вагони со амонијак излегоа од колосекот на пругата Пирот – Димитровград, пренесе Бета.