Уште две тела се пронајдени под урнатините, по силниот земјотрес во Хрватска.

Со тоа, досега бројот на загинати изнесува пет. Првата жртва е 12-годишно девојче од местото Петриња, каде беше епицентарот на потресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Додека новинар на „Ал Џазира“ известуваше од Петриња за земјотресот, следеше нов потрес, кој предизвика паника кај населението. На видеото можат да се слушнат викотници од луѓе кои бараат помош.

Силниот земјотрес беше почувствуван ширум Балканот и во Македонија.

По првиот следеше и втор земјотрес, кој беше послаб со интензитет од 4,5 степени.