Цирих и Париз ги истуркаа Сингапур и Осака од водечките позиции на новата листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонгконг, со кој го делат првото место. Најновото истражување на британски ЕИУ за индексот на трошоците на животот покажува дека пандемијата на коронавирусот влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од 130 града до септември оваа година. Според извештајот, скокот на Цирих и Париз на првото место се должи на зајакнувањето на швајцарскиот франк и еврото. Трошоците за живот во Њујорк се користат како основен параметар за пресметување на тој индекс. Азиските градови, традиционално, доминираа на рангирањето во претходните години. Во Сингапур, кој сега е на четвртото место, цените паднаа поради егзодусот на странските работници.

– Пандемијата на ковид-19 предизвика слабеење на американскиот долар, додека западноевропските и северноазиските валути се зајакнаа во однос на тоа, што резултира со зголемување на цените на стоките и на услугите – рече шефот на ова истражување на ЕИУ, Упасана Дат.
Сегашното истражување беше спроведено во септември годинава, а во резултатите беа вклучени и ценовните промени што настанаа поради ковид-19. Целокупно, најголем пораст на цените во американски долари беше забележан во Техеран, кој од 106-то се искачи на 79-то место на листата.