Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно почна да објавува твитови откако „Твитер“ привремено му го блокира профилот.

Тој откри дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, Џо Бајден, на 20 јануари.

„За сите што прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, објави Трамп.

„Твитер“ му забрани на Трамп да објавува твитови 12 часа по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Капитол во Вашингтон, каде се наоѓаат Конгресот и Сенатот.

„Фејсбук“, за разлика од „Твитер“, му забрани да објавува постови до крајот на неговиот мандат.