Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека единствениот проблем на националната економија е Централната банка.

– Единствениот проблем што нашата економија го има е Управата за федерален развој. Централните банкари не го чувствуваат пазарот, не ги разбираат трговските војни или силниот долар, па дури и стопирањето на работата од страна на федералната Влада поради позицијата на демократите против изградбата на ѕид на границата со Мексико – напиша Трамп на Твитер.

Тој ја спореди американската Централна банка со играч на голф, кој има сила, но не може да ја внесе топката во дупката, затоа што е неспособен да го нанесе неопходниот лесен удар.

Во меѓувреме, берзанските индекси во САД продолжија да опаѓаат и денеска и покрај напорите на администрацијата на претседателот да го спречи падот.