Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, наводно, наредил егзекуција на четири министри за надворешни работи по неуспехот на средбата во Ханои со претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесуваат од „Јаху њуз“.

Се јавија шпекулации оти министрите се егзекутирани по средбата во февруари на која преговорите помеѓу САД и Северна Кореја завршија без случување на било каков договор.

Пјонгјанг ги обвинил четворицата министри за продажба на информации на Вашингтон пред средбата во Ханоj, велат информациите на една јапонска новинска агенција.

Меѓу егзекутираните, наводно, има и севернокорејски дипломат од амбасадата во Ханој, Виетнам, но оваа информација сè уште не е потврдена.

Сите информации за овој случај ги пренесе репортер на „Азија прес“, кој тврди дека зборувал со службеник кој имал информации за овој настан. Наводно, целиот процес бил надгледуван од страна на членови на Работничката партија на Кореја и Корејската народна армија.

Средбата на Ким и Трамп имаше за цел остварување на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и Северна Кореја се надеваше дека САД ќе ги отповикаат санкциите. Кога преговорите не успеаја, Вашингтон инсистираше на тоа дека дијалогот меѓу двете земји треба да продолжи и дека неуспехот на оваа средба не е големо разочарување.

Во моментов, Ким јонг-ун како и тогаш, е во центарот на светската јавност по неговото пристигнување во Владивосток на средбата на рускиот претседател Владимир Путин. Состанокот е во дел од обидите на севернокорејската власт да го одбие притисокот на САД за откажување од нуклеарното оружје.